Electrolux EWS126510W Manual de usuario Pagina 57

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 84
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 56
ФИОКА ЗА ДЕТЕРГЕНТ
Преграда за детергент, што се
користи во фазата на претперење или
киснење, или за средство за
отстранување дамки, во фазата на
дејство против дамките (доколку ја
има). Детергентот за претперење и
киснење се додава на почетокот од
програмата за перење. Средството за
отстранување дамки се додава во
текот на фазата на дејство против
дамките.
Преградата за детергент во прав
или за течен детергент се користи за
главното перење. Aко користите течен
детергент налејте го пред самото
стартување на програмата.
Преграда за течни додатоци
(омекнувач, штирак).
Следете ги препораките на
производителот за количините што
треба да се користат и не
пречекорувајте ја ознаката „MAX“ во
фиоката на дозерот за детергент. Сите
омекнувачи или адитиви за штиркање
мора да се налеат во преградата пред
самото стартување на програмата за
перење.
ВОДИЧ НА ПРОГРАМИТЕ
Водичот на програмите се наоѓа на
предниот дел од фиоката за детергент.
Други водичи на програми на различни
јазици се наоѓаат во торбата со
прирачникот за корисници. (Не мора да
значи дека сите уреди имаат повеќе од
еден водич за програми).
За да го замените водичот за програми:
1. Повлечете го соодветната страна и
извадете го.
2. Ставете го новиот водич за
програми.
КОНТРОЛНА ТАБЛА
Подолу е слика на контролната табла. На неа се програматорот, како и
копчињата, контролните сијалици и екранот. Тие се претставени со
соодветните броеви на следните страници.
electrolux 57
Vista de pagina 56
1 2 ... 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 ... 83 84

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios