
6.1 Совети за замрзнување
За најдобро користење на
смрзнувањето, еве неколку важни
совети:
• Максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната во
рок од 24 часа е прикажана на
плочката со спецификации.
• Смрзнувањето трае 24 часа. Не
треба да се додава храна за
смрзнување во тој период.
• Смрзнувајте само квалитетна,
свежа и убаво измиена храна.
• Поделете ја храната во мали
порции за да може брзо и целосно
да се смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества.
• Завиткајте ја храната во
алуминиумска или пластична
фолија убаво и стегнато.
• Не дозволувајте свежата,
несмрзната храна да ја допира
храната што е веќе смрзната, за да
не ја загреете втората.
• Посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го
намалува рокот на чување на
замрзнатата храна.
• Водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата
на замрзнувачот, може да
предизвика смрзнатици на кожата.
• Препорачливо е да се запише
датумот на смрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на смрзнатост.
6.2 Совети за чување
замрзната храна
За да добиете најдобри перформанси
од апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
• проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
• погрижете се замрзнатите
прехранбени продукти да се
пренесат од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен
рок;
• не отворајте го капакот често и не
оставајте го отворен подолго
отколку што е неопходно.
• Штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно
да се смрзне.
• Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Периодично чистење
ВНИМАНИЕ!
Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Не користете детергенти,
груби производи, многу
парфимирани средства за
чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста на апаратот.
Внимавајте да не го
оштетите системот за
ладење.
Нема потреба да се чисти
компресорот и околу него.
1. Исклучете го апаратот.
2. Редовно чистете ги апаратот и
додатоците со топла вода и
неутрален сапун.
Чистете ја гумата на капакот
внимателно.
3. Целосно исушете го апаратот.
МАКЕДОНСКИ 23
Comentarios a estos manuales