
• Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користите детергенти,
абразивни средства,
средства за чистење со
хлор или на база на масло
затоа што може да ја
оштетат политурата.
6.2 Периодично чистење
ВНИМАНИЕ!
Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Не користете детергенти,
груби производи, многу
парфимирани средства за
чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста на апаратот.
Внимавајте да не го
оштетите системот за
ладење.
Нема потреба да се чисти
компресорот и околу него.
1. Исклучете го апаратот.
2. Редовно чистете ги апаратот и
додатоците со топла вода и
неутрален сапун.
Чистете ја гумата на капакот
внимателно.
3. Целосно исушете го апаратот.
4. Ставете го приклучокот за струја
во штекерот.
5. Вклучете го апаратот.
6.3 Одмрзнување на
замрзнувачот
ВНИМАНИЕ!
Не користете метални
алатки за гребење на
мразот, зошто може да го
оштетите апаратот. Не
користете механички
уреди или какви било
други вештачки средства
за забрзување на процесот
на одмрзнување, освен
оние што се препорачани
од производителот.
Зголемувањето на
температурата на
смрзнатата храна за време
на одмрзнувањето може
да го скрати нејзиниот век
на чување.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 10-15 mm.
Количината на мраз на ѕидовите од
апаратот ќе се зголеми со
зголемување на нивото на влага во
надворешната околина и ако
замрзнатата храна не е соодветно
завиткана.
Најдобро време за одмрзнување е
кога замрзнувачот е празен или
содржи малку храна.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја
во неколку слоја весник и ставете
ја на студено место.
3. Оставете го капакот отворен,
извадете го капакот од одводот за
одмрзната вода и соберете ја
водата во сад.
www.electrolux.com24
Comentarios a estos manuales