
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
5.1 Штедење енергија
• Ако е можно, секогаш ставајте капаци на
тенџерињата.
• Штом течноста во садот ќе почне да врие,
намалете го пламенот, така што само ќе се
одржува тивко крчкање.
Користете само садови за готвење со
дијаметар кој одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметри на садовите за
готвење
Тројна круна 160 - 240 мм
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете леани тави, сад од
керамика, плочите за скара или
тостер на пламеникот за гас.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте рачките од садовите за
готвење да не излегуваат надвор од
предниот раб на плотната. Исто така
мора да ги ставате садовите за
готвење во центарот на прстените за
истите да бидат целосно стабилни и
потрошувачката на енергија да биде
помала.
Немојте да ставате деформирани или
нестабилни садови за готвење на прстените
за да спречите повреда или прелевање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не употребувајте дифузер на
пламен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Течноста којашто тече за време на
готвењето може да предизвика
кршење на стаклото
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред да го чистите.
Пред чистење или одржување,
исклучете го апаратот од струја.
Гребаниците и темните дамки на
површината не влијаат врз работата
на апаратот.
• За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите држачите
за тави.
• За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла вода
со сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
• Измијте ги деловите од не’рѓосувачки челик
со вода, а потоа исушете ги со мека крпа.
• Држачите за садови не се перат во машина
за миење садови. Тие мора да се мијат
рачно.
• При рачно миење на држачите за садови,
внимавајте кога ги сушите бидејќи
процесот на емајлирање понекогаш остава
остри рабови. Ако е потребно, отстранете
ги тврдокорните дамки со помош на крем-
детергент.
• Погрижете се по чистењето правилно да ги
поставите држачите за садови.
• За да работат пламениците правилно,
погрижете се рачките на држачите за
садови да бидат во центарот на
пламеникот.
• Бидете многу внимателни при замената на
држачите за садови за да спречите
оштетување на горниот дел на површината
за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со мека
крпа.
Отстранување на нечистотиите:
1.
– Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер.
48
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales