Electrolux EJ2801AOW2 Manual de usuario Pagina 27

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 52
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 26
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Во интерес на Вашата безбедност, а и за да
обезбедите правилно користење, пред
инсталирањето и пред првото пуштање на
уредот во работа, внимателно прочитајте го
овој прирачник, вклучувајќи ги неговите
совети и предупредувања. За да избегнете
непотребни грешки и незгоди, важно е да се
уверите дека сите луѓе што го користат
уредот се темелно запознаени со неговите
работни и безбедносни карактеристики.
Сочувајте ги овие упатства и уверете се дека
ќе останат со уредот доколку тој биде
преместен или продаден, така што секој што
ќе го користи во неговиот работен век, ќе
биде прописно информиран за користењето и
безбедноста на уредот.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги
напомените за претпазливост од ова упатство
бидејќи производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
Овој апарат не е наменет да го користат
лица (вклучително и деца) со намалени
физички, сетилни или ментални
способности, или лица без искуство и
знаење, освен кога се под надзор или
упатување за користење на апарат од
страна на лицето кое е одговорно за
нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да
бидете сигурни дека нема да си играат со
апаратот.
Чувајте ги сите амбалажи за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
Ако го расходувате апаратот, извлечете го
кабелот за струја од штекерот, исечете го
(што е можно поблиску до апаратот) и
извадете ја вратата за да спречите децата
што си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Доколку овој апарат кој има магнетизирани
гуми за затворање, треба да замени постар
апарат кој има брава (брава со пружина) на
вратата или капакот, погрижете се да ја
онеспособите бравата со пружина пред да
го расходувате стариот апарат. Така ќе се
спречи тој да стане смртоносна стапица за
децата.
1.2 Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Отворите за вентилација, во опкружувањето
на апаратот или во вградената конструкција,
треба да се ослободени од пречки.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и/или пијалаци во
нормално домаќинство и слично, како на
пример:
кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
фарми, клиенти во хотели, мотели и друг
вид на сместувачки објекти;
сместување на база на спиење и
појадок;
во угостителство и слични намени кои не
се во малопродажниот сектор.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични апарати (на
пр. мешалки за сладолед) внатре во
ладилниците, освен ако не се одобрени за
таква намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ги водовите за ладење.
Средството за ладење изобутан (R600a)
што кружи низ водовите за ладење на
апаратот е природен гас со високо ниво на
еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и монтажата на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за ладење:
избегнувајте отворен оган и извори на
искри
проветрете ја темелно собата во која е
сместен апаратот
Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви било промени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
МАКЕДОНСКИ 27
Vista de pagina 26
1 2 ... 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 ... 51 52

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios