
фрижидерот за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
6.4 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 мм.
Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
свртете го Регулаторот на
температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволно
резерви студ за прекинот на
работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете ја на
студено место.
ВНИМАНИЕ
Не допирајте ги смрзнатите работи
со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3.
Оставете ја вратата отворена и вметнете
ја пластичната гребалка во соодветното
лежиште во долниот централен дел,
ставајќи леген одоздола за да ја собира
водата од одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4.
Кога ќе заврши одмрзнувањето,
избришете ја внатрешноста темелно и
чувајте ја гребалката за идна употреба.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
По два или три часа, вратете ја
извадената храна во комората.
Никогаш не користете метални алатки за да
го стругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви било
други вештачки средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на одмрзнувањето
може да го скрати нејзиниот век на чување.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ВНИМАНИЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучникот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
За време на нормалната употреба се
слушаат звуци (од компресорот и од
кружењето на средството за
ладење).
44
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales