Electrolux EOA05651OX Manual de usuario Pagina 11

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 60
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 10
7. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
7.1 Сензор за температура во
средината
Сензорот за температура во средината ја
мери температурата на средината на месото.
Кога месото ја постигнува поставената
температура, апаратот се исклучува.
Може да се постават две температури:
Температурата на печката. За печење
месо, видете во табелата.
Температура на средината. За сензорот за
температурата на средината, видете во
табелата.
Користете го само доставениот
сензор за температурата на
средината или оргинални резервни
делови.
1.
Поставете ги функцијата и
температурата на печката.
2.
Ставете го шилецот од сензорот за
температура на средината (со симболот
на рачката) во центарот на месото.
3.
Ставете го електричниот приклучок на
сензорот за температура на средината во
приклучницата којашто се наоѓа во
предниот дел на апаратот. Екранот го
покажува симболот за сензорот за
температура и почетната температура на
средината. Кога го користите сензорот за
температура за прв пат, почетната
температура на средината е 60°C.
4.
Додека трепка, можете да го
користите тркалцето за температура за
да ја промените почетната температура
на средината.
5.
Притиснете за да ја зачувате новата
температура на средината, или почекајте
10 секунди за поставката да се зачува
автоматски. Новата основна температура
на средината се прикажува следниот пат
кога ќе го користите сензорот за
температура.
6.
Погрижете се сензорот за температура
на средината да остане во месото и во
приклучницата за време на готвењето.
7.
Кога месото ја достигнува поставената
температура на средината, симболот за
температурата на средината и сензорот
за температура на средината трепкаат.
Се огласува звучен сигнал две минути.
Притиснете некое копче или отворете ја
вратата на апаратот за да го исклучите
сигналот.
8.
Извадете го приклучокот на сензорот за
температурата на средината од
приклучницата. Извадете го месото од
апаратот.
9.
Исклучете го апаратот.
Кога апаратот го пресметува
провизорно времето на траење за
прв пат, симболот - трепка на
екранот. Кога завршува
пресметувањето, екранот го
покажува траењето на готвењето.
Пресметките се прават во позадина
за време на готвењето и вредноста
на траењето се ажурира на екранот
ако е потребно.
Можете да ја смените температурата на
средината било кога за време на готвењето:
1.
Притиснете го :
Еднаш - екранот ја покажува
поставената температура на
средината која, на секои 10 секунди, се
менува во моменталната температура
на средината.
Два пати - екранот ја покажува
моменталната температура на печката
која, на секои 10 секунди, се менува во
поставената температура на печката.
Три пати - екранот ја покажува
поставената температура на печката.
МАКЕДОНСКИ 11
Vista de pagina 10
1 2 ... 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 ... 59 60

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios