
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
Иглите за држење на
телескопските шини мора
да се насочени напред.
10.4 Каталитичко чистење
ВНИМАНИЕ!
Не чистете ја
каталитичката површина
со спрејови за рерна,
абразивни средства за
чистење, сапуни или други
средства за чистење. Тие
ќе ја оштетат
каталитичката површина.
Дамките или
обезбојувањето на
каталитичката површина
нема никакво влијание врз
каталитичките својства.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Држете ги децата подалеку
кога ја чиститe рерната
при висока температура.
Површината на рерната се
вжештува и постои
опасност од изгореници.
Пред вклучување на
каталитичкото чистење,
извадете ги сите додатоци
од рерната.
Ѕидовите со каталитичка облога се
чистат самите. Тие ја апсорбираат
маснотијата што се собира на
ѕидовите при работата на рерната.
За да го поддржите овој процес на
самочистење, редовно загревајте го
празниот апарат.
1. Исчистете го дното на рерната со
топла вода и течност за чистење, а
потоа избришете го.
2. Поставете ја функцијата .
3. Поставете ја температурата на 250
°C и оставете ја рерната да работи
1 час.
4. Кога апаратот ќе се излади,
исчистете го со мек и влажен
сунѓер.
10.5 Вадење и монтирање на
вратата
За да ги исчистите, можете да ги
извадите вратата и внатрешните
стаклени плочи. Бројот на стаклени
плочи е различен кај различни
модели.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Бидете внимателни кога ја
вадите вратата од
апаратот. Вратата е тешка.
1. Отворете ја вратата до крај.
2. Притиснете ги стегите (A) докрај на
двете шарки на вратата.
3. Затворете ја вратата на печката до
првата позиција за отворање (агол
од околу 70°).
4. Држете ја вратата на рерната со
една рака на секоја страна и
повлечете ја од апаратот под
нагорен агол.
5. Положете ја вратата со
надворешната страна надолу врз
мека крпа на стабилна површина.
Тоа е за да се спречат гребнатини.
6. Држете ја декорацијата на вратата
(В) на горниот раб на вратата од
двете страни и притиснете ја
навнатре за да ја ослободите
спојката за запечатување.
МАКЕДОНСКИ 35
Comentarios a estos manuales