Electrolux EOB31004X Manual de usuario Pagina 24

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 60
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 23
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 24
Пред првата употреба 25
Опис на производот 26
Секојдневна употреба 26
Помошни напомени и совети 27
Табела за готвење 28
Нега и чистење 29
Што да сторите ако... 32
Монтажа 32
Поврзување на струјата 33
Еколошки прашања 34
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
За безбедно и правилно ракување со
апаратот, внимателно прочитајте го
овој прирачник, пред да го
инсталирате и да го користите.
Секогаш чувајте го упатството со
апаратот, дури и ако го преместите
или продадете. Корисниците мора
да бидат целосно запознаени со
работа и безбедносните опции на
апаратот.
Правилно користење
Не оставајте го апаратот без
надгледување додека работи.
Апаратот е конструиран за да се
користи исклучиво во домаќинството.
Апаратот не смее никогаш да се
употребува како работна површина
или површина за оставање на
предмети.
Не оставајте запаливи течности,
високо потпалувачки материи или
било какви други запаливи предмети
(на пр. пластична фолија, пластика,
алуминиум) во апаратот или во негова
близина.
Внимавајте кога приклучувате
електрични апарати на приклучници
во негова близина. Не дозволувајте
каблите да дојдат во допир со жешката
врата од рерната или да се заглават
под неа.
Не чувајте ги влажните јадења во
рерната откако ќе завршите со
готвењето, бидејќи влагата може да го
оштети емајлот или да навлезе во
уредите.
За да спречите да се повредите или да
го оштетите апаратот, не обидувајте
се самите да го поправате. Секогаш
обраќајте се во локалниот сервисен
центар.
Не користете остри абразивни
средства или остри метални стругалки
за да го чистите стаклото на вратата
од рерната, тоа може да предизвика
прскање на стаклото.
Напомена за облогата од емајл
Површинските промени во бојата на
облигата од емајл во рерната се
резултат на употребата и не влијаат
врз нормалното и правилно
користење на апаратот. Оттаму, тие
не претставуваат дефект во однос
на законот за гаранција.
Безбедност на децата
Само возрасни може да го користат
апаратот. Децата мора да се
надзираат за да не си играат со
апаратот.
Чувајте ја сета амбалажа далеку од
децата. Постои опасност од
задушување.
Држете ги децата подалеку од
апаратот кога тој работи. Деловите
што се на дофат можат во текот на
работата да станат многу жешки.
Постои опасност од изгореници.
24 electrolux
Vista de pagina 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 59 60

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios