
8.2 Нивелирање
Кога го поставувате апаратот,
проверете дали стои на рамно. Ова
може да се постигне со двете ногарки
што можат да се приспособуваат на
долниот дел од предната страна.
Ако го поставувате апаратот на
стојалиште:
1. Отштрафете ја ногарката на
шараката од вратата.
2. Навртете ја резервната ногарка,
што ќе ја најдете во кесете со
садот за јајца, во преградата.
8.3 Местоположба
По монтажата приклучокот
мора да биде лесно
достапен за да може
апаратот да се исклучи од
приклучокот за
напојување.
Апаратот треба да се инсталира на
добра оддалеченост од извори на
топлина, како што се радијатори,
бојлери, директна сончева светлина
итн. Погрижете се воздухот слободно
да струи околу задниот дел на
апаратот. За да обезбедите најдобра
работа кога апаратот е монтиран под
некој висечки елемент, минималното
растојание помеѓу горната страна на
комората и ѕидот мора да биде
најмалку 100 мм. Во идеални услови,
овој апарат не би требало да се
поставува под висечки елементи.
Правилното нивелирање се
обезбедува со една или повеќе
прилагодливи ногалки во основата на
витрината.
8.4 Задни разделници
Во кесето со документ се наоѓаат два
разделника кои мора да се монтираат
како што е прикажано на сликата.
1. Ставете ги разделниците во
дупките. Уверете се дека
стрелката (А) е поставена како што
е прикажано на сликата.
2. Вртете ги разделниците во лево за
45°, додека не се наместат на
своето место.
8.5 Менување на страната на
отворање на вратата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред да работите со
апаратот, извадете го
приклучокот од штекерот.
МАКЕДОНСКИ 31
Comentarios a estos manuales