
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
при прекин на снабдувањето
со електрична струја, ако
струјата била исклучена
подолг период од вредноста
прикажана во табелата со
технички карактеристики
под „време на подигање“,
одмрзнатата храна мора да
биде брзо конзумирана или
веднаш зготвена и потоа
повторно замрзната (откако
ќе се излади).
5.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
5.4 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи така што
полиците може да се наместат по
желба.
5.5 Местење на полици на
вратата
За да се овозможи чување на пакети
храна во разни големини, полиците на
вратата може да се поставуваат на
различни височини.
1. Постепено влечете ја полицата во
насока на стрелките сѐ додека не
ја извадите.
2. Ако е потребно поместете го.
5.6 Показател за температура
Овој апарат се продава во
Франција. Во согласност со
законските прописи кои
важат во оваа земја, мора
да биде опремен со
специјален уред (види
слика) кој ќе биде поставен
во долниот дел на
преградата во фрижидерот
за да ја означи неговата
најстудена зона.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време
на работа:
• Слабо клокотење и звук на
кркорење од калемот кога
фрижидерот се полни.
• Звук на брмчење и пулсирачки звук
од компресорот кога фрижидерот
се полни.
МАКЕДОНСКИ 41
Comentarios a estos manuales