Electrolux ERW33901X Manual de usuario Pagina 27

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 52
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 26
1 2 3
1. Показател за избраната преграда
2. Показател за позитивна
температура
3. Температурен показател
Вклучување
Ако екранот не е осветлен по
ставањето на приклучокот во штекер,
притиснете го копчето за Вклучување/
Исклучување.
Исклучување
Апаратот се исклучува со држење на
прекинувачот ON/OFF (вклучување/
исклучување) подолго од 1 секунда.
После тоа се прикажува одбројување
на температурата од -3 -2 -1.
Кога апаратот е исклучен, се
гаси и
екранот.
Регулирање на температурата
Одберете ја преградата така што ќе
притискате на Копчето за бирање
преграда.
Подесете ја температурата така што ќе
го вртите тркалцето (Регулаторот за
подесување на температура на горната
или долната преграда во зависност од
тоа која преграда треба да биде
подесена).
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи
предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често вратите се отворени
бројот на шишиња што се чуваат
местоположбата на апаратот.
Тревога за отворена врата
Ако вратата е оставена да стои
отворена околу 5 минути, ќе се огласи
звучен аларм. Условите за отворена
врата се најавуваат со:
светкање на Показателот
за избрана
преграда
црвено осветлување на екранот
зуење.
Притиснете го копчето за ресетирање
на алармот за да го деактивирате
звучниот аларм.
Кога ќе се воспостават нормални
услови (вратата ќе се затвори),
звучната тревога сопира.
Копче за светло
Ако сакате светлото да остане вклучено
откако ќе ја затворите вратата, доволно
е да ја отворите и
затворите вратата и
светлото автоматски ќе остане
вклучено 10 минути.
Ако сакате да го исклучите светлото
пред автоматското време на
исклучување, отворете ја вратата и
притиснете го Копчето за светило.
Светлото нема негативен ефект врз
квалитетот на виното.
ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го
темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
electrolux 27
Vista de pagina 26
1 2 ... 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 ... 51 52

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios