
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и
да се ставаат на полицата за шишиња на
вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
5. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
5.1 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
• измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода со малку неутрална сапуница.
• редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
• избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
• откачете го апаратот од електричната
мрежа
• извадете ја сета храна
• одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
• оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
за да не се случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
40
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales