
5. ОПЦИИ
5.1 Функција Мулти-таблети
Активирајте ја оваа функција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Функцијата мулти-таблети го деактивира
протокот на средство за плакнење и на сол.
Соодветните показатели се исклучени.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
Активирање на функцијата мулти-
таблети
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата мулти-таблети пред да
почнете програма за миење. Не
смеете да ја активирате или
деактивирате оваа функција додека
трае некоја програма за миење.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режим на
поставување. Видете во ‘ПОДЕСУВАЊЕ
И СТАРТУВАЊЕ НА ПРОГРАМА'.
3. Притиснете ги и држете ги функциските
копчиња (D) и (E) истовремено, се додека
не се вклучи показното светло за multitab.
Функцијата останува вклучена се
додека не ја исклучите. Притиснете
ги и држете ги функциските копчиња
(D) и (E) истовремено, се додека не
се вклучи показното светло за
multitab.
Ако престанете да ги користите
комбинираните детергент таблети, пред да
почнете да користите одвоено детергнет,
средство за плакнење и сол за машини за
миење садови, направете ги следниве чекори:
1. Деактивирајте ја функцијата мулти-
таблети
2. Поставете го омекнувачот на вода на
највисоко ниво.
3. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средството за плакнење се полни.
4. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашата област.
6. Поставете ја истечената количина на
средството за плакнење.
6. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното ниво на
омекнувачот на водата е соодветно за
тврдоста на водата во вашата област. Ако
не е, приспособете го омекнувачот на
водата. Контактирајте со локалното
водостопанство за да ја дознаете
тврдоста на водата во вашата област.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средството за
плакнење.
4. Отворете ја славината.
5. Во апаратот може да има остатоци од
преработката. Стартувајте некоја
програма за да ги извадите. Не користете
детергент и не полнете ги корпите.
Ако користите комбинирани
детергент таблети, активирајте ја
опцијата мулти-таблети.
8
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales