
5.2 Multitab
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува протокот на
средството за плакнење и на солта.
Соодветните показатели се исклучени.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
• Притиснете го Multitab, се пали
соодветниот показател.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со детергент, пред да
почнете да користите одвоено детергент,
средство за плакнење и сол за машини за
миење садови, направете ги следниве чекори:
1. Нагодете го омекнувачот на водата на
највисокото ниво.
2. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
3. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
4. Приспособете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во вашата
област.
5. Приспособете го испуштеното количество
средство за плакнење.
5.3 Звучни сигнали
Звучните сигнали се вклучуваат кога апаратот
има дефект или кога ќе се појави
приспособување на нивото на омекнувачот на
вода и кога ќе заврши програма.
По правило, звучните сигнали се вклучени, но
може да се исклучат.
Како да ги исклучите звучните сигнали
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Внимавајте апаратот да е во режим на
поставување, видете во „Поставување и
почнување програма“.
2. Држете ги притиснати истовремено
копчињата (4) и (5) додека показните
светла на копчињата (3), (4) и (5) не
почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето (5),
• Показните светла на копчињата (3) и
(4) се гасат.
• Показното светло за копчето (5)
продолжува да трепка.
• На екранот се прикажува тековната
поставка.
Звучните сигнали
се вклучени.
Звучните сигнали
се исклучени.
4. Притиснете го копчето (5) за промена на
поставката.
5. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот
и да ја потврдите поставката.
6. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното ниво на
омекнувачот на водата е соодветно за
тврдоста на водата во вашата област. Ако
не е, приспособете го омекнувачот на
водата. Контактирајте со локалното
водостопанство за да ја дознаете
тврдоста на водата во вашата област.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство за
плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Во апаратот може да има остатоци од
преработката. Стартувајте некоја
програма за да ги извадите. Не користете
детергент и не полнете ги корпите.
8
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales