
МЕРКИ ПРОТИВ ЗАМРЗНУВАЊЕ
Ако е апаратот изложен на температури
под 0°C, треба да се преземат
следниве мерки:
• Затворете ја славината и откачете го
доводното црево.
• Ставете ги краевите на доводното и
на одводното црево во леген на
подот.
• Одберете ја програмата за црпење и
оставете ја да сврти цел циклус.
• Исклучете го апаратот
од струја со
вртење на програматорот на "Stop"
.
• Извлечете го штекерот на апаратот.
• Заменете ги одводното и доводното
црево.
На тој начин, водата што преостанала
во цревата ќе се исцеди, со што ќе се
избегне формирање мраз што може да
го оштети вашиот апарат.
Пред повторно да го вклучите апаратот,
внимавајте да го инсталирате во
просторија каде што температурата
нема
да падне под нулата.
ЗАБЕЛЕШКА ! Оваа машина е
направена за користење во нормални
внатрешната температура.
Производителот не е одговорен за
оштетувања од замрзнување.
ПРОБЛЕМИ ПРИ РАБОТАТА
Пред да излезе од фабриката, вашиот
апарат беше подложен на бројни
проверки. Меѓутоа, ако забележите
неисправност, погледнете подолу пред
да се јавите на сервис.
Проблеми Причини
Апаратот не почнува
да работи или не се
полни со вода:
• апаратот не е правилно приклучен, електричната инсталација
не работи, има проблем со напојувањето,
• капакот на апаратот и вратичките на барабанот не се цврсто
затворени,
• командата за почнување на програмата не е правилно одбрана,
• нема довод на вода, славината е затворена,
• затнати се филтрите за довод на вода (видете во „
Нега и
чистење“).
Апаратот зема вода и
веднаш ја испушта :
•U-држачот за одвод е наместен премногу ниско (видете во
„Монтажа“).
Апаратот не почнува
да работи или не ја
празни водата:
• одводното црево е затнато или превиткано,
• затната е стапицата за предмети (видете во „Нега и чистење“),
• се активирал детекторот за нерамнотежа: алиштата не се
рамномерно распоредени во барабанот,
• одбрана е програмата „Цедење" или опциите „Ноќен циклус"
или „Задржано плакнење",
• висината на U-држачот за одвод не е соодветна.
Апаратот не
центрифугира:
• проблеми со рамнотежа со полнење на алиштата: додадете
повеќе алишта или рачно наместете ги алиштата во барабанот.
Околу апаратот има
вода:
• преголемата количина детергент предизвикала да се прелее
пената,
• детергентот не е погоден за машинско перење,
• одводниот U-држач не е правилно наместен,
• доводното црево протекува.
Резултатите од
перењето не се
задоволителни:
• детергентот не е погоден за машинско перење,
• има премногу алишта во барабанот,
• одбраната програма не одговара,
• нема доволно детергент.
12 electrolux
Comentarios a estos manuales