
ПОСТАВУВАЊЕ И НИВЕЛИРАЊЕ
Нивелирајте ја машината за перење со
подигање или спуштање на ногалките.
Зависно од моделот, апаратот може да
има четири ногалки за нивелирање, или
две ногалки за нивелирање напред и
две фиксни ногалки назад.
Апаратот МОРА да е нивелиран и
стабилно да стои на рамен цврст под.
Ако е потребно, проверете го
поставувањето со помош на либела.
Сите потребни нагодувања може да се
изведуваат со клуч за одвртување.
Точното нивелирање спречува
вибрации, бучава и поместување на
машината во текот на работата.
Ако апаратот не е изнивелиран и
стабилен, повторете ја постапката на
нивелирање.
ДОВОД ЗА ВОДА
• Приклучете го доводното црево на
славина со навој од 3/4”.
• Ослободете го прстенестиот шраф за
да го поставите цревото под агол кон
лево или кон десно, зависно од
положбата на славината за вода. Не
поставувајте го доводното црево
надолу.
45°
35°
• Откако ќе го наместите доводното
црево, затегнете го прстенестиот
шраф за да не истекува вода
ОДВОД ЗА ВОДА
Направете кука на крајот од одводното
црево користејќи го пластичниот држач,
доколку е потребно.
electrolux 37
Comentarios a estos manuales