
показателот за програмата којашто
сакате да ја поставите. Можете да ги
поставите и соодветните опции.
На екранот се прикажува траењето на
програмата.
5. Притиснете Start за да почне програмата.
• Се пали показателот за фазата на
миење.
• Траењето на програмата почнува да се
намалува со чекори од по 1 минута.
Започнување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притискајте го Delay повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже времето
на одложување што сакате да го
поставите (од 1 до 24 часа).
3. Одбројувањето започнува автоматски.
Кога обројувањето е завршено. Програмата
започнува.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
1. Притиснете и држете ги, истовремено,
Program и Option додека не се запали
времетраењето на поставената програма.
2. Притиснете на Start за да започне
програмата.
Откажувањето на одложениот
почеток исто така ги откажува и
поставените опции (освен Multitab).
Погрижете се повторно да ги
поставите опциите пред да
притиснете на Start.
Откажување на програмата
Притиснете и држете ги, истовремено,
Program и Option неколку секунди.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај од програмата
Кога програмата за миење ќе заврши, на
екранот ќе се прикаже 0:00.
• Показателите за фазата се гасат.
• Показателот за програмата продолжува да
свети.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување или чекајте функцијата Auto
Off автоматски да го исклучи апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Внимание
• Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
• Прво испразнете ја долната корпа, а потоа
горната.
• Може да има вода на страните и на
вратата на апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
8. ПОМОШ И СОВЕТИ
8.1 Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода. На
тој начин ќе бидете сигурни дека омекнувачот
за вода ја користи точната количина на сол за
машини за миење садови и вода.
8.2 Полнење на корпите
Видете во доставениот проспект со
примери за полнење на корпите.
МАКЕДОНСКИ 13
Comentarios a estos manuales