
38 www.electrolux.com
• Не користете вода во спреј или пареа за чистење
на уредот.
• Исчистете го апаратот со навлежнета мека
крпа. Користете само неутрални детергенти.
Не користете абразивни средства, сунѓери со
жица, растворувачи или метални предмети.
• Не чувате во овој апарат експлозивни материи,
како на пример конзерви со аеросол и со запалив гас.
• Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот, негов
сервисен претставник или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
• Ако апаратот е опремен со ледомат или со сад
за вода, полнете ги само со питка вода.
• Ако апаратот треба да се поврзе со водовод,
поврзете го само со довод на питка вода.
• Доводниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 1 bar (0,1 MPa)
и 10 bar (1 MPa)
2. УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да биде
монтиран само од
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не
користете оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за
монтирање доставени со апаратот.
• Бидете внимателни кога го
преместувате апаратот затоа што
е тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Овозможете кружење на воздухот
околу апаратот.
• Почекајте барем 4 часа пред да го
поврзете апаратот со струја. Ова
овозможува маслото да истече
назад во компресорот.
• Не монтирајте го апаратот во
близина на радијатори или шпорети,
рерна или површини за готвење.
• Задната површина на апаратот мора
да се постави кон ѕидот.
• Не монтирајте го апаратот на места
кадешто има директна сончева
светлина.
• Не монтирајте го апаратот на места
кои се многу влажни или многу
студени, како на пример во помошни
простории на градилиште, гаражи
или винарски визби.
• Кога го преместувате апаратот,
кренете го предниот дел за да
спречите гребење на подот.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и електричен
шок. Апаратот мора да биде
заземјен.
• Проверете дали податоците
за струјата од плочката со
спецификации одговараат на
напојувањето со електрична струја.
Ако не, контактирајте електричар.
• Секогаш користете правилно
инсталиран штекер обезбеден
од струјни удари.
Comentarios a estos manuales