Electrolux LLT9VA52U Manual de usuario Pagina 44

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 140
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 43
44 www.electrolux.com
3
Копчето за ледоматот
Притиснете го и држете го 3 секунди за
да го вклучите/исклучите апаратот за
мраз. Кога ќе светне показното светло,
апаратот за мраз е вклучен. Кога не свети
показното светло, апаратот за мраз е
ИСКЛУЧЕН и ќе престане да прави мраз.
Додека е исклучен, мразот и понатаму ќе
се испушта додека има во корпата. Кога е
исклучен апаратот за мраз и се испушта
мраз, показното светло ќе трепка.
4
Заклучување
Копчето за заклучување може да се
користи за заклучување на екранот со
цел да се спречи неговоо користење
во одредени ситуации. Притиснете го и
задржете го 3 секунди за да го вклучите/
исклучите. Кога е во заклучена состојба,
не можат да се прават промени во
поставките на екранот. Испуштањето
мраз и вода ќе биде оневозможено.
Показното светло ќе трепка и ќе се
огласи тон за звучно предупредување.
5
Отворање врата
Светнува секогаш кога вратите се
отворени. Ако вратата е оставена
отворена 5 минути или повеќе, ќе се
огласи аларм и екранот ќе се осветли
додека не се затвори вратата. Со
притискање на кое било копче, алармот
привремено ќе се прекине. Проверете
дали има храна што ја блокира вратата.
6
Замена на филтерот за вода
Се пали екранот на секои 6 месеци
или кога е потребно заменување на
филтерот. Заменете го филтерот,
а потоа притиснете го и задржете
го „Ресетирање филтер за вода“
3 секунди за да го деактивирате
предупредувањето на екранот. Видете
во делот „Заменување на филтерот“
за повеќе информации.
7
Заменување на филтерот
за воздух
Се пали екранот на секои 6 месеци
или кога е потребно заменување
на филтерот. Заменете го филтерот,
а потоа притиснете го и задржете
го „Ресетирање филтер за воздух“
3 секунди за да го деактивирате
предупредувањето на екранот.
Видете во делот „Заменување на
филтерот“ за повеќе информации.
8
Вода
Притиснете го копчето „вода“ за да
испушти вода. Показното светло ќе
светне над активната функција.
9
Коцка
Притиснете го копчето „коцка“ за да
испушти коцка мраз. Показното светло
ќе светне над активната функција.
10
Кршен мраз
Притиснете го копчето „кршен мраз“
за да испушти кршен мраз. Показното
светло ќе светне над активната
функција.
11
Cool Matic
Брзото ладење се одвива побрзо
за ладење храна во преградата
на фрижидерот. Оваа функција
користете ја кога истовремено ставате
неколку производи во фрижидерот.
Се деактивира по 6 часа.
12
Ресетирање на филтерот за воздух
По заменувањето на филтерот,
притиснете го и задржете го 3 секунди
за да го ресетирате.
13
Ресетирање на филтерот за вода
По заменувањето на филтерот,
притиснете го и задржете го 3 секунди
за да го ресетирате.
14
Го менува светлото за диспензерот
на Вклучено и Исклучено.
ЗАБЕЛЕШКА
Контролните функции и алармите
може да варираат во зависност
од моделот.
Аларм
Висока температура, показно
светло „HI“
Зголемување на температурата
во преградата на фрижидерот или
замрзнувачот (на пример, поради
снемување струја) се покажува со:
- трепкање на HI на соодветниот
екран на преградата
- Звучен аларм, на секои 10 секунди
додека не се потврди тревогата
За да го ресетирате алармот,
притиснете го кое било копче или
отворете ја вратата.
Ѕвоното се исклучува
Vista de pagina 43
1 2 ... 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 ... 139 140

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios