
4. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
4.1 Штедење енергија
• Ако е можно, секогаш ставајте капаци на
тенџерињата.
• Штом течноста во садот ќе почне да врие,
намалете го пламенот, така што само ќе се
одржува тивко крчкање.
Користете само садови за готвење со
дијаметар кој одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Пречник на садовите за
готвење
Брз 180 - 260 mm
Полубрз 120 - 220 mm
Помошен 80 - 180 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја ставајте истата тава на два
пламеници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уверете се дека рачките на
тенџерињата не стрчат надвор од
предниот раб на површината за
готвење и дека се средишно
поставени на прстените заради
максимална стабилност и пониска
потрошувачка на гас.
Не ставајте нестабилни или деформирани
тенџериња на прстените за да се заштитите
од преливање и повреда.
Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни сознанија,
ако ја препечувате храната (особено онаа
што содржи скроб), акриламидите може да
претставуваат ризик за здравјето. Затоа,
препорачуваме да готвите на најниски
температури и да не ја препечувате храната
премногу.
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред да го чистите.
Пред чистење или одржување,
исклучете го апаратот од струја.
Гребаниците и темните дамки на
стаклото не влијаат врз работата на
апаратот.
• За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите држачите
за тави.
• За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла вода
со сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
• Измијте ги деловите од не’рѓосувачки челик
со вода, а потоа исушете ги со мека крпа.
• Држачите за садови не се перат во машина
за миење садови. Тие мора да се мијат
рачно.
• При рачно миење на држачите за садови,
внимавајте кога ги сушите бидејќи
процесот на емајлирање повремено остава
остри рабови. Ако е потребно, отстранете
ги тврдокорните дамки со помош на крем-
детергент.
МАКЕДОНСКИ 31
Comentarios a estos manuales