
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
• Овој апарат може да го користат деца на
возраст од 8 години и постари и лица со
намалени физички, сетилни или ментални
способности или со недостаток на искуство
и знаење доколку ги надгледува или им
дава инструкции за работата на апаратот
лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
• Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без
надзор.
1.2 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
• Почекајте барем 4 часа пред да го
поврзете апаратот со струја. Ова
овозможува маслото да истече назад во
компресорот.
• Не монтирајте го апаратот во близина на
радијатори или шпорети, печка или плотни.
• Се однесува само на апарати кои се
поврзуваат со вода: поврзувајте само со
довод на вода за пиење.
• Задната површина на апаратот мора да се
стави кон ѕидот.
• Не монтирајте го апаратот на места
кадешто има директна сончева светлина.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Секое поврзување на струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со сервисниот
центар или со електричар за да ги смени
електричните компоненти.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
• Кабелот за струја мора да стои под нивото
на приклучокот.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
1.3 Употребa
• Овој апарат е наменет за употреба во
домаќинство и за други слични примени,
како на пр:
– кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини
28
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales