
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Пред одржувањето, исклучете го
приклучникот од штекерот за струја.
6.1 Чистење
• Редовно чистете ги апаратот и додатоците.
• Исчистете ги внатрешните делови на
апаратот и сите додатоци само со топла
вода и неутрален детергент. Проверете
дали апаратот и сите додатоци се целосно
суви.
• Редовно чистете ја гумата на вратата. За
да ја замените оштетената гума,
контактирајте со сервисниот центар.
• Решетката на кондензаторот и
компресорот на задната страна на
апаратот чистете ги со четка. Тоа помага
да се намали потрошувачката на енергија и
го одржува апаратот во добра состојба.
• Внимавајте да не ги повлечете,
поместите или оштетите цевките
или каблите.
• Внимавајте да не ја оштетите
единицата за ладење.
• Не чистете го апаратот со
абразивни производи, абразивни
крпи за чистење, растворувачи,
детергенти со парфем или со
восок за полирање.
По одржувањето, ставете го приклучникот за
струја во штекерот.
6.2 Автоматско одмрзнување на фрижидерот
Отстранувањето на мразот се одвива
автоматски кога моторот на компресорот
престанува да работи во текот на
работењето.
Водата се цеди преку отворот за цедење и се
собира во садот за вода од кадешто
испарува.
Садот за вода се наоѓа зад апаратот, над
компресорот на моторот.
Отворот за цедење се наоѓа во фрижидерот,
во задниот дел.
За да спречите собирање на вода во другите
делови на фрижидерот, отворот за цедење
треба секогаш да биде чист. Користете ја
алатката за чистење што се наоѓа во отворот
за цедење.
6.3 Одмрзнување на замрзнувачот
Во замрзнувачот може да се нафати
мраз на полиците и околу горната
преграда.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 3 или 5 mm.
ВНИМАНИЕ
Не користете остри метални алатки
за да го отстраните мразот.
Не користете механички уреди за да
го одмрзнете замрзнувачот.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја целокупната храна од
замрзнувачот. Завиткајте ја храната во
весници и чувајте ја на ладно.
3. Вратата на апаратот држете ја отворена
додека не заврши одмрзнувањето.
4. Исчистете го и исушете го замрзнувачот.
5. Ставете го приклучокот за струја во
штекерот.
6. Вклучете го апаратот.
7. Поставете го копчето за температура на
највисока позиција и оставете го апаратот
да работи минимум 2 или 3 часа со оваа
поставка.
8. Вратете ја храната назад во
замрзнувачот.
34
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales