
4.4 Tемпературен показател
Потребно е прилагодување на термостатот
Точна температура
OK
За да Ви помогнеме правилно да управувате
со апаратот вградивме температурен
показател во Вашиот фрижидер.
Страничниот симбол ја покажува најстудената
област во фрижидерот.
Најстудената област се протега од
стаклената полица на фиоката за овошје и
зеленчук до симболот или до полицата
којашто е поставена на иста висина со
симболот.
За соодветно чување на храната, уверете се
дека температурниот показател ја покажува
пораката „ОК“.
Ако пораката „ОК“ не е прикажана,
прилагодете го температурниот контролор на
пониска поставка и почекајте 12 часа пред да
го проверите повторно температурниот
показател.
Откако ќе ставите свежа храна во апаратот
или после постојаното отворање на вратата
подолг временски период, нормално е
пораката „ОК“ да исчезне.
4.5 Функција DYNAMICAIR
1
2
Функцијата DYNAMICAIR овозможува брзо
ладење на храната и попостојана
температура во фрижидерот.
За да го активирате уредот DYNAMICAIR,
притиснете го прекинувачот (1). Се пали
зеленото показно светло (2).
Вклучете го уредот кога околната
температура е повисока од 25°C.
4.6 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
8
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales