
4.
Показателот за алармот продолжува да
трепка додека не се вратат нормалните
услови.
Кога ќе се врати алармот, показателот за
алармот се исклучува.
3.14 Режим FreeStore
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте на копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот FreeStore трепка неколку
секунди.
2.
Показателот FreeStore се прикажува.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
показателот FreeStore не почне да
трепка.
2.
Показателот FreeStore се гаси.
Ако функцијата е автоматски
вклучена, индикаторот FreeStore не е
прикажан (погледнете во „Дневна
употреба“).
Активирањето на режимоѕ FreeStore
ја зголемува потрошувачката на
енергија.
3.15 Режим на дополнителна
влажност
Ако сакате да ја зголемите влажноста во
фрижидерот, ви препорачуваме да ја
активирате функцијата Extra Humidity
(Дополнителна влажност).
За да ја вклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
не се појави соодветната икона.
Показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност) трепка.
За да ја исклучите функцијата:
1.
Притискајте го копчето Mode сè додека
трепка показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност).
2.
Показателот за Extra Humidity
(Дополнителна влажност) се исклучува.
3.16 Аларм за отворена врата
Ако ја оставите вратата отворена неколку
минути, ќе се огласи звучен аларм. Алармот
за отворена врата се прикажува со:
• трепкање на показателот за аларм
• акустично зуење
Откако повторно ќе се воспостават нормални
услови (затворена врата), алармот ќе
престане.
За времетраењето на алармот, зуењето може
да се исклучи со притискање на кое било
копче.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
4.2 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
на некористење, пред да ставите производи
во преградата, оставете го апаратот да
работи најмалку 2 часа.
Фиоките на замрзнувачот Ви овозможуваат
брзо и лесно наоѓање на пакувањето со храна
кое што го барате. Ако треба да зачувате
голема количина на храна, извадете ги сите
фиоки освен долната фиока која што треба да
биде на своето место за да обезбеди добра
циркулација на воздухот. На сите полици
можно е да ставите храна којашто е
испакната најмногу 15 mm од вратата.
МАКЕДОНСКИ 37
Comentarios a estos manuales