
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време од
вредноста прикажана под ставката
„време на кревање“ во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
консумира брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
4.3 Замрзнување на свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за долгорочно
чување на замрзната и длабоко замрзната
храна.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата за Брзо замрзнување барем 24
часа пред да ја ставите храната за
замрзнување во преградата.
Свежата храна за замрзнување ставете ја во
долната преграда.
Максималната количина на храна што може
да се замрзне за 24 часа е наведена на
плочката со спецификации, етикета што се
наоѓа во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот на овој
период не треба да додавате друга храна за
замрзнување.
После 24 часа, кога ќе заврши процесот на
замрзнување, исклучете ја функцијата за Брзо
замрзнување (видете „Функција за брзо
замрзнување“).
4.4 Tемпературен показател
Потребно е прилагодување на термостатот
Точна температура
OK
За да Ви помогнеме правилно да управувате
со апаратот вградивме температурен
показател во Вашиот фрижидер.
Страничниот симбол ја покажува најстудената
област во фрижидерот.
Најстудената област се протега од
стаклената полица на фиоката за овошје и
зеленчук до симболот или до полицата
којашто е поставена на иста висина со
симболот.
За соодветно чување на храната, уверете се
дека температурниот показател ја покажува
пораката „ОК“.
Ако пораката „ОК“ не е прикажана,
прилагодете го температурниот контролор на
пониска поставка и почекајте 12 часа пред да
го проверите повторно температурниот
показател.
Откако ќе ставите свежа храна во апаратот
или после постојаното отворање на вратата
подолг временски период, нормално е
пораката „ОК“ да исчезне.
4.5 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
38
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales