
5. ДНЕВНА УПОТРЕБА
5.1 Замрзнување на свежа
храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна,
вклучете ја функцијата FastFreeze
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна којашто
треба да се смрзне долната преграда.
Максималната количина на храна што
може да се замрзне за 24 часа е
наведена на плочката со
спецификации, етикета што се наоѓа
во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не требa да додавате
друга храна за замрзнување.
Кога ќе заврши замрзнувањето,
вратете на потребната температура
(видете во „Функција FastFreeze“).
Во оваа состојба,
температурата на
преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C.
Ако се случи тоа,
поставете го регулаторот
на температурата на
поставка за повисока
температура.
5.2 Чување на замрзната
храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 2 часа со
вклучена функција FastFreeze.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки од апаратот и ставете ја
храната на стаклената полица за да
добиете најдобри резултати.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
поради снемување струја,
ако немало струја подолго
време отколку под
ставката „време на
одржување“ во табелата
за технички
карактеристики,
одмрзнатата храна мора
да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа
повторно да се смрзне
(откако ќе се излади).
5.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
5.4 Показател за температура
Овој апарат се продава во
Франција.
Во согласност со
законските прописи кои
важат во оваа земја, мора
да биде опремен со
специјален уред (види
слика) кој ќе биде поставен
во долниот дел на
преградата во фрижидерот
за да ја означи неговата
најстудена зона.
МАКЕДОНСКИ 25
Comentarios a estos manuales