
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 2
Опис на производот 4
Пред првата употреба 5
Секојдневна употреба 5
Помошни напомени и совети 8
Табела за готвење 9
Нега и чистење 11
Што да сторите ако... 15
Монтажа 15
Поврзување на струјата 16
Еколошки прашања 17
Служба за односи со корисниците 17
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Внимателно прочитајте го овој
прирачник, пред да го инсталирате и
да го користите уредот. Тоа е во
интерес на вашата безбедност и за
да се осигури правилна работа.
Чувајте ги овие упатства и уверете
се заедно со машината, ако ја
преместувате или продавате. Сите
лица, кои го користат уредот, мора
целосно да бидат запознаени со
неговата работа и неговите
безбедносни опции.
Правилно користење
• Не оставајте го апаратот без
надгледување додека работи.
• Апаратот е конструиран за да се
користи исклучиво во домаќинството.
• Апаратот не смее никогаш да се
употребува како работна површина
или површина за оставање на
предмети.
• Не оставајте запаливи течности,
високо потпалувачки материи или
било какви други запаливи предмети
(на пр. пластична фолија, пластика,
алуминиум) во апаратот или во негова
близина.
• Внимавајте кога приклучувате
електрични апарати на приклучници
во негова близина. Не дозволувајте
каблите да дојдат во допир со жешката
врата од рерната или да се заглават
под неа.
• Не чувајте ги влажните јадења во
рерната откако ќе завршите со
готвењето, бидејќи влагата може да го
оштети емајлот или да навлезе во
уредите.
• За да спречите да се повредите или да
го оштетите апаратот, не обидувајте
се самите да го поправате. Секојпат
обратете се во службата за односи со
корисниците.
• Не користете остри абразивни
средства или остри метални стругалки
за да го чистите стаклото на вратата
од рерната, тоа може да предизвика
прскање на стаклото.
Напомена за облогата од емајл
Површинските промени во бојата на
облигата од емајл во рерната се
резултат на употребата и не влијаат
врз нормалното и правилно
користење на апаратот. Оттаму, тие
не претставуваат дефект во однос
на законот за гаранција.
Безбедност на децата
• Овој апарат смеат да го користат само
возрасни. Децата мора да се
надгледуваат за да бидете сигурни
дека нема да играат со уредот.
• Држете ја сета амбалажа подалеку од
децата. Постои ризик од задушување.
• Држете ги децата подалеку од
апаратот кога тој работи. Деловите
што се на дофат можат во текот на
работата да станат многу жешки.
Постои ризик од изгореници.
2 electrolux
Comentarios a estos manuales