Electrolux EOB8757ZOZ Manual de usuario Pagina 47

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 56
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 46
За подобар учинок,
функцијата чистење треба
да ја вклучите кога
апаратот е ладен.
Наведеното време е
поврзано со
времетраењето на
функцијата и не го
вклучува времето
потребно за чистење на
внатрешноста од страна
на корисникот.
Кога е вклучена функцијата чистење
со пареа, светилката е исклучена.
1. Полнете ја фиоката за вода до
максималното ниво (околу 950 ml
вода), додека не се огласи звучен
сигнал или не се покаже порака на
екранот.
2. Вклучете ја функцијата Чистење со
пареа - S2. Видете во „Вклучување
на функција за чистење“.
Времетраењето на функцијата е
околу 30 минути.
Се огласува звучен сигнал кога ќе
заврши програмата.
3. Допрете сензорско поле за да го
исклучите сигналот.
4. Избришете ја внатрешната
површина на апаратот со мек
сунѓер. За чистење на
внатрешноста, можете да
користите топла вода.
По чистењето, држете ја вратата на
апаратот отворена приближно 1 час.
Почекајте додека апаратот не се
исуши. Оставете го апаратот целосно
да се исуши со отворена врата. За да
го забрзате сушењето можете да ја
затворете вратата и да го загреете
апаратот со Готвење со Вентилатор
на температура од 150°C околу 15
минути. Максимални ефекти од
функцијата чистење можете да
добиете ако рачно го исчистите
апаратот веднаш откако ќе заврши
функцијата. Повторете ја процедурата
двапати ако нивото на нечистотија е
многу високо.
12.8 Потсетник за чистење
Оваа функција ве потсетува дека е
неопходно да се исчисти рерната и
дека треба да ја изведете таа
функција: S2.
Можете да ја вклучите / исклучите
оваа функција во менито за поставки.
12.9 Систем за создавање
пареа - Чистење бигор - S3
Кога работи генераторот на пареа, во
внатрешноста се нафаќа бигор поради
содржината на калциум во водата.
Ова може да има негативно влијание
врз квалитетот на пареата, врз
работењето на генераторот на пареа и
врз квалитетот на храната. За да го
спречите ова, исчистете го колото за
создавање пареа од нафатениот
бигор.
Изберете ја функцијата во менито:
.
Времетраењето на целата процедура
е околу 2 часа.
Светлото кај оваа функција е
исклучено.
1. Извадете ги сите додатоци.
2. Проверете дали фиоката за вода е
празна. Вклучете ја функцијата
Празнење на резервоарот - S1 ако
е потребно.
3. Ставете го плехот за печење на
првата позиција на решетката.
4. Ставете 250 ml средство за
чистење бигор во фиоката за вода.
5. Наполнете го преостанатиот дел
од фиоката за вода со вода до
максималното ниво, додека не се
огласи звучен сигнал или не се
покаже порака на екранот.
Времетраењето на процедурата е
околу 1 час и 40 минути.
6. Вклучете ја функцијата - S3.
Видете во „Вклучување на
функција за чистење“.
7. По завршувањето на првиот дел,
испразнете го плехот за печење и
ставете го повторно на првата
позиција на решетката.
8. Вклучете ја функцијата Пакнење.
Погледнете во „Систем за
создавање пареа - Плакнење - Ѕ4“.
МАКЕДОНСКИ 47
Vista de pagina 46
1 2 ... 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 ... 55 56

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios