
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 2
Опис на производот 3
Пред првата употреба 5
Ракување 7
Корисни совети и табели за готвење
14
Нега и чистење 19
Што да сторите ако... 27
Технички податоци 27
Монтажа 28
Отстранување 30
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Секогаш чувајте го упатството со
апаратот. Доколку го дадете уредот на
трети лица или го продадете, или
доколку го оставите кога се селите,
многу е важно новиот сопственик да ги
добие овие упатства и придружните
информации.
Овие предупредувања се дадени за
безбедност на корисниците и на оние
што живеат со нив. Затоа, прочитајте ги
внимателно пред да го поврзете и/или да
го користите апаратот.
Местење
• Местењето мора да го врши
квалификувано лице во согласност со
важечките правила и прописи.
Поединечните операции за местење
на апаратот се опишани во упатството
за местење.
• Апаратот нека го намести и поврзе
квалификувано лице со
специјалистичко знаење, кој ќе ги
изврши работите во согласност со
директивите
• Доколку поради инсталирањето се
потребни модификации на
напојувањето со струја, и нив треба да
ги изведе квалификуван електричар.
• Рерната е направена како единечен
апарат или комбиниран апарат со
електрична рингла, зависно од
моделот, за монофазно поврзување
на 230 V.
Работа
• Оваа рерна е конструирана за готвење
храна; никогаш не користете ја за
друга намена.
• Бидете многу внимателни при
користење на рерната. Вжештеноста
на грејачите предизвикува големо
загревање на полиците и другите
делови
• Ако поради некоја причина треба да
користите алуминиумска фолија за
готвење во рерната, никогаш не
дозволувајте да дојде во директен
допир со долниот дел на рерната.
• Кога ја чистите рерната, постапувајте
внимателно: никогаш не прскајте
ништо врз филтерот за маснотии
(доколку го има), грејачите или
сензорот на термостатот.
• Опасно е да се прават какви било
модификации на овој уред или на
неговите карактеристики.
• За време на печењето тесто, месо или
скара, прозорецот од рерната и
другите делови од апаратот стануваат
жешки. Оттаму, децата треба да се
држат подалеку од него. Внимавајте,
при приклучување на електричните
уреди на приклучни кутии во близина
на рерната, каблите да не дојдат во
контакт со жешките прстени или да не
се приклештат во вратата од рерната.
• Секогаш користете ракавици за рерна
за да ги вадите жешките огноотпорни
садови или тенџериња од рерната.
2 electrolux
Comentarios a estos manuales