Electrolux EQW4111BOG Manual de usuario Pagina 20

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 52
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 19
напојувањето со струја или на системот за
гас, поставувањето и одржувањето смее да
го извршува само квалификуван персонал
во согласност со стандардите и локалните
законски прописи.
Уверете се дека апаратот не е оштетен при
транспорт. Никогаш не поврзувајте
оштетен апарат. Ако е неопходно,
разговарајте со добавувачот.
Користете ги апаратите што се вградуваат
само ако се претходно вградени во
соодветни елементи за вградување и во
работни површини кои ги исполнуваат
стандардите.
Не монтирајте ја површината за готвење на
гас над домашни апарати ако тие не го
дозволуваат тоа.
Монтирајте го апаратот само на работна
површина со рамна површина.
Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Постои
опасност од повреда и оштетување на
апаратот.
Придржувајте се кон законите, прописите,
директивите и нормите кои важат во
земјата на употреба на апаратот
(безбедносни одредби, одредби за
рециклирање, правила за електрична
безбедност итн.).
Условите за приклучување на апаратот се
наведени на етикетата (или табличката со
спецификации).
Овој апарат не смее да се поврзува на
уреди за одвод на производи од горење.
Тој треба да се инсталира и поврзе според
важечките прописи за инсталирање
Особено внимание мора да се посвети на
важечките барања што се однесуваат на
проветрувањето.
Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди.
Монтирајте заштита од струен удар, на
пример, монтирајте ги фиоките само ако
директно под апаратот има заштитна
плоча.
Спречете оштетување на пресечените
површини на работната површина од влага
со соодветен дихтунг.
Спојте го апаратот со работната плоча без
процепи и со соодветен дихтунг.
Спречете оштетување на долната страна
од апаратот од пареа и влага, на пр. од
машина за миење садови или рерна.
Не монтирајте го апаратот во близина на
врати и под прозорци. Ненадејното
отворање на вратите или прозорците може
да ги преврти жешките садови од
површината.
Пред монтирањето, проверете дали
локалните комунални услуги (видот гас и
притисокот) одговараат на бараните за
приклучување на апаратот.
Овој апарат не смее да се поврзува на
уреди за одвод на производи од горење.
Мора да се намести и поврзе во согласност
со тековните прописи за монтажа. Особено
внимание мора да се посвети на важечките
барања во однос на вентилацијата.
При употребата на апарати за готвење на
гас се произведува топлина и влага во
просторијата во која се наоѓаат. Проверете
дали во кујната има добро проветрување:
држете ги природните отвори за
проветрување отворени или монтирајте
механички уред за проветрување
(механички аспиратор).
Ако апаратот интензивно работи подолго
време, потребна е дополнителна
вентилација (на пример, да се отвори
прозорец или да се зголеми нивото на
механичката вентилација, каде што ја има).
Ако ја користите дополнителната рамка C-
FRAME, прво прочитајте ги приложените
упатства со рамката пред да го монтирате
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреда од електрична
струја. Внимателно следете ги
упатствата за електрично
поврзување.
Клемата е под напон.
Исклучете го напонот од клемата.
Монтирајте го правилно за да обезбедите
заштита од електричен удар.
Лабави и несоодветни приклучоци за струја
и штекери може да ја прегреат клемата.
Спојките треба правилно да ги монтира
квалификуван електричар.
Користете држач за олабавување на
кабелот.
Употребете соодветен кабел за струја и
заменувајте го оштетениот кабел со
соодветен специјален кабел. Разговарајте
со локалниот сервисен центар.
Апаратот мора да има електрична
инсталација којашто Ви овозможува да го
20
www.electrolux.com
Vista de pagina 19
1 2 ... 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 ... 51 52

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios