
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по желба.
Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се
регулира температурата во фиоките за
зеленчук.
Кога отворите за проветрување се
затворени:
природната влага на храната во
преградите за овошје и зеленчук се
задржува подолго.
Кога отворите за проветрување се
отворени:
поголемото кружење на воздухот дава
помала влага во преградите за овошје и
зеленчук.
Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во
разни големини, полиците на вратата
може да се стават на различни височини.
За приспособување, постапете на
следниов начин:
постепено влечете ја полицата во насока
на стрелките, додека не се ослободи, па
ставете ја на саканата положба.
54 electrolux
Comentarios a estos manuales