Electrolux ERN3211AOW Manual de usuario Pagina 27

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 76
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 26
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат/
оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа,
се препорачува надворешноста на апаратот
да се чисти само со топла вода со малку
течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
откачете го апаратот од електричната
мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
за да не се случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
5.3 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на вообичаената
употреба. Водата од одмрзнувањето истекува
во посебен сад од адната страна на апаратот,
над моторниот компресор, од којшто
испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
6. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред откривањето на пречките,
исклучете го кабелот од штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да ги решава
проблемите што не се наведени во
овој прирачник.
Проблем Можна причина Решение
Апаратот е бучен Апаратот не е добро потпрен Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногарки
треба да се на подот)
Апаратот не работи.
Светилката не работи.
Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е
правилно ставен во
штекерот.
Правилно ставете го
приклучокот за струја во
штекерот.
МАКЕДОНСКИ 27
Vista de pagina 26
1 2 ... 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 ... 75 76

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios