
3.3 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
За подобро користење на просторот,
предните полуполици може да лежат преку
задните.
3.4 Местење на полиците од вратата
За да се овозможи чување пакувања во разни
големини, полиците на вратата може да се
стават на различни височини.
За приспособување, постапете на следниов
начин: постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се ослободи,
потоа наместете ја по желба.
3.5 FreeStore
Преградата на ладилникот е опремена со
уред што овозможува брзо смрзнување на
храната и порамномерна температура во
преградата.
Уредот се активира самиот кога е потребно,
на пример за брзо враќање на температурата
по отварањето на вратата или кога околната
температура е висока.
Ви овозможува рачно да го вклучите уредот
кога е потребно (видете во режим FreeStore).
Апаратот FreeStore се исклучува кога ќе се
отвори вратата и веднаш повторно се
вклучува откако вратата ќе се затвори.
46
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales