
7. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Внимавајте апаратот да е во режим на
поставување, видете во „Поставување и
почнување програма“.
• Ако показателот за сол е вклучен,
наполнете го садот за сол.
• Ако е вклучен показателот за
средството за плакнење, наполнете го
дозерот за средство за плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додајте детергент.
• Ако користите комбинирани таблети со
детергент, активирајте ја опцијата за
мулти-таблети.
5. Поставете ја и стартувајте ја правилната
програма за миење според видот на
садовите и степенот на извалканост.
7.1 Користење детергент
A
B
D
C
B
A D
C
1.
Притиснете го копчето за отпуштање (B)
за да го отворите капакот (C) .
2.
Ставете детергент во преградата
обележана со (A) .
3.
Доколку програмата за миење има и
фаза за предперење, ставете мала
количина детергент во преградата (D).
4.
Ако користите детергент во таблети,
ставете ја таблетата во дозерот за
детергент (A).
5.
Затворете го капакот. Внимавајте
копчето за отпуштање да се заглави на
место.
7.2 Поставување и стартување на
програма
Функција Auto Off
За да се намали потрошувачката на енергија,
оваа функција автоматски го исклучува
апаратот по неколку минути доколку:
• Не сте ја затвориле вратата.
• Не сте го притиснале Start за почеток на
програмата.
• Програмата е завршена.
Режим на поставување
За некои поставки, апаратот треба да е
поставен во режим за поставување.
Апаратот е во режим на поставување кога
после вклучувањето, показното светло и
траењето на програмата ECO се вклучени.
Ако контролната табла не ја прикажува оваа
состојба, притиснете и задржете,
истовремено, Program и Option се додека не
се прикаже показателот за времетраење на
програмата ECO .
МАКЕДОНСКИ 11
Comentarios a estos manuales