
• Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира одмрзната
вода на дното на апаратот.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја вратата за да спречите
затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
• Водовите за ладење и изолираните
материјали на овој апарат се
еколошки производи.
• Изолациската пена содржи запалив
гас. Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
• Не оштетувајте го делот за ладење
којшто се наоѓа во близина на
разменувачот на топлина.
3. РАКУВАЊЕ
3.1 Контролна табла
1
Светло за аларм
2
Показно светло за струја
3
Регулатор за температура
3.2 Вклучување
Ставете го приклучокот во ѕидниот
штекер.
Свртете го регулаторот на
температурата надесно до средната
поставка.
Контролната сијалица за напојување и
светилката за аларм ќе се запалат.
3.3 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете
го регулаторот за температура на
позиција „O“.
3.4 Регулирање на
температурата
Температурата се регулира
автоматски.
1. Свртете го Регулаторот на
температурата кон помалата
поставка за да постигнете
минимално ладење.
2. Свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете
максимално ладење.
МАКЕДОНСКИ 15
Comentarios a estos manuales