
ПРВА УПОТРЕБА
• Уверете се дека приклучувањето
на струјата и на водата се во
согласност со упатствата за
монтажа.
• Проверете дали барабанот е
празен.
• Пред првото перење, вклучете
циклус за памук на највисока
температура, без алишта во
машината, за да ги отстраните
фабричките остатоци во
барабанот и коритото. Налејте
1/2 мерка детергент во главната
преграда за перење и вклучете ја
машината.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој етикета на облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Пред ставање на алиштата
ВАЖНО Уверете се дека во алиштата
нема останати метални предмети (на
пр. шноли за коса, безопасни,
шпенадли). Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и дрикерите.
Заврзете ги ремените или долгите
ленти. Отстранете ги сите куки (на пр.
од завеси).
• Никогаш не перете заедно бели и
шарени алишта. Белите би можеле
да ја изгубат својата „белина“ при
перењето.
• Новите алишта во боја можат да
пуштат боја при првото перење;
затоа првиот пат треба да се перат
одделно.
• Истријте ги особено извалканите
места со специјален детергент или
паста.
• Третирајте ги завесите со посебна
грижа.
• Чорапите и ракавиците перете ги во
вреќа или мрежа.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење:
Крв : обработете ги свежите дамки со
студена вода. За исушените дамки,
покиснете ја облеката преку ноќ во вода
со специјален детергент, а потоа
истријте со сапун и вода.
Маслени бои : натопете со маслен
разредувач, положете ја облеката на
мека крпа и тапкајте ја дамката;
повторете неколку пати.
Исушени дамки од маст : натопете со
терпентин, положете ја облеката на
мека подлога и тапкајте ја дамката со
памучна крпа со врвовите од прстите.
’Рѓа : оксална киселина растворена во
жешка вода или средство за
отстранување ’рѓа што се користи
студено. Внимавајте кај старите дамки
од ’рѓа бидејќи целулозната структура е
веќе оштетена и ткаенината може да се
продупчи.
Дамки од мувла : обработете ги со
избелувач и исплакнете ги добро (само
за бели алишта и алишта со трајни бои).
Трева : насапунете ги малку и
обработете ги со избелувач (само за
бели алишта и алишта со трајни бои).
Пенкало и лепак : натопете со ацетон
4)
, положете ја облеката на мека крпа и
тапкајте ја дамката.
4) не употребувајте ацетон на вештачка свила.
electrolux 41
Comentarios a estos manuales