9. ПОМОШ И СОВЕТИ
9.1 Полнење алишта
• Поделете ги алиштата на: бели, во боја,
синтетика, чувствителни и волнени.
• Следете ги упатствата за перење што се
наоѓаат на етикетите на алиштата.
• Не перете заедно бели и алишта во боја.
• Некои обоени алишта може да изгубат боја
после првото перење. Ви препорачуваме
да ги перете одделно првиот пат.
• Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Закопчајте
ги ремените.
• Испразнете ги џебовите и исправете ги
алиштата.
• Превртете ги повеќеслојните ткаенини,
волната и алиштата со насликани
илустрации.
• Отстранете ги тешките дамки.
• Многу извалканите дамки перете ги со
специјален детергент.
• Бидете внимателни со завесите. Тргнете ги
куките или ставете ги завесите во торба за
перење или во навлака.
• Не перете во апаратот:
– Алишта без пораб или без рез
– Градник со жица.
– Користете торба за перење на мали
алишта.
• Малото полнење може да предизвика
проблеми со рамнотежа за време на
центрифугата. Ако се случи ова,
распоредете ги рачно алиштата во
барабанот и започнете ја фазата на
центрифугата уште еднаш.
9.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот не се
доволни.
Ви препорачуваме да ги отстраните овие
дамки пред да ги ставите алиштата во
апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете специјален
отстранувач за дамки којшто е прикладен за
видот на дамката и материјалот.
9.3 Детергенти и додатоци
• Користете само детергенти и додатоци што
се предвидени за употреба во машина за
перење.
• Не мешајте различни видови детергенти.
• Заради заштита на животната средина, не
користете повеќе од точното количество
детергент.
• Секогаш следете ги упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на овие производи.
• Користете соодветни производи за видот и
бојата на ткаенината, температурата на
програмата и нивото на извалканост.
• Ако вашиот апарат нема дозер за
детергент со преклопник, додајте течен
детергент со топка за дозирање.
9.4 Еколошки практични совети
• Поставете програма без фаза на
предперење за перење на алишта со
нормална извалканост.
• Секогаш стартувајте ја програмата за
миење со максимален капацитет на
алишта.
• Ако е потребно, користете отстранувач за
дамки за да поставите програма со ниска
температура.
• За да користите точна количина на
детергент, проверете ја тврдоста на водата
во вашиот дом
9.5 Тврдост на вода
Ако тврдоста на вода во вашата област е
висока или средна, ви препорачуваме да
користите омекнувач за вода за машини за
перење. Во областите каде тврдоста на
водата е мека, нема потреба од омекнувач за
вода.
За да ја дознаете тврдоста на вода во вашата
област, јавете се во локалното претпријатие
за водовод.
Користете соодветна количина на омекнувач
за водата. Секогаш следете ги упатствата
што ќе ги најдете на пакувањето на
производот.
МАКЕДОНСКИ 15
Comentarios a estos manuales