
• Спречете оштетување од од влага на
исечените површини од работната
површина со соодветено изолационо
средство за пополнување на
површини!
• Спојте го апаратот со работната плоча
без да оставете процепи, со соодветно
средство за пополнување на
површини!
• Спречете оштетување од пареа и
влага на долната страна од апаратот,
на пр. од машина за миење садови или
рерна!
• Не го монтирајте апаратот во близина
на врати и под прозорци! Ненадејното
отворање на вратите или прозорците
може да ги преврти жешките садови од
плотната.
• Пред чистење или одржување,
исклучете го апаратот од струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
повреда од електрична струја.
Внимателно следете ги упатствата
за електрично поврзување.
• Клемата е под напон.
• Исклучете го напонот од клемата.
• Правилно вградете заштита од струен
удар.
• Лабави и несоодветни штекери и
приклучници можат да ја прегреат
клемата.
• Клемите треба правилно да ги поврзе
квалификуван електричар.
• Ослободете го кабелот од напон.
• Користете соодветен кабел за
поврзување и заменете го оштетениот
кабел за струја со соодветен
специјален кабел. Обратете се во
локалниот сервисен центар.
Производителот не е одговорен за
повреда предизвикана на лица и
домашни миленици или штета на имотот
заради непридржување кон овие
барања.
Поврзување на струјата
• Заземјете го апаратот според
предвидените безбедноси мерки.
• Погрижете се номиналниот напон и
типот на струјата наведени на
плочката со спецификации да
одговараат на напонот и струјата на
локалната мрежа.
• Сите електрични компоненти мора да
ги монтира или заменува техничар од
сервисниот центар или квалификуван
персонал за сервисирање.
• Секогаш користете правилно
инсталиран приклучок за струја
обезбеден од струјни удари.
• Проверете дали има пристап до
штекерот по монтажата.
• Не влечете го кабелот за напојување
за да го исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го штекерот.
• Апаратот не смее да се поврзува со
продолжен кабел, адаптер или
повеќекратна врска (ризик од пожар).
Проверете дали заземјувањето е во
согласност со стандардите и
важечките прописи.
• Приклучете го апаратот на електрична
инсталација преку уред кој
овозможува апаратот да се исклучи од
струја на половите со широчина на
контактниот отвор од најмалку 3 mm,
на пр. автоматски заштитен
прекинувач, премостувања за
заземјување или осигурувач.
• Ниту еден дел од кабелот за
поврзување не смее да биде изложен
на температура поголема од 90°C.
Сината неутрална жица мора да се
приклучи на приклучната клема
означена со „N“. Кафеавата (или
црната) жица на фазата (приклучена
на приклучната клема означена со „L“)
секогаш мора да е поврзана со фазата
на мрежата.
Замена на кабелот за струја
Заменете го кабелот за струја само
кабел од типот H05V2V2-F T90. Уверете
се дека пресекот на кабелот одговара на
напонот и на работната температура.
Жолтата/зелената жица за заземјување
мора да е околу 2 cm. подолга од
кафената (или црната) жица на фазата.
4 electrolux
Comentarios a estos manuales