
6.2 Автоматско одмрзнување на фрижидерот
Отстранувањето на мразот се одвива
автоматски кога моторот на компресорот
престанува да работи во текот на
работењето.
Водата се цеди преку отворот за цедење и се
собира во садот за вода од кадешто
испарува.
Садот за вода се наоѓа зад апаратот, над
компресорот на моторот.
Отворот за цедење се наоѓа во фрижидерот,
во задниот дел.
За да спречите собирање на вода во другите
делови на фрижидерот, отворот за цедење
треба секогаш да биде чист. Користете ја
алатката за чистење што се наоѓа во отворот
за цедење.
6.3 Одмрзнување на замрзнувачот
Во замрзнувачот може да се нафати
мраз на полиците и околу горната
преграда.
Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од
околу 3 или 5 mm.
ВНИМАНИЕ
Не користете остри метални алатки
за да го отстраните мразот.
Не користете механички уреди за да
го одмрзнете замрзнувачот.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја целокупната храна од
замрзнувачот. Завиткајте ја храната во
весници и чувајте ја на ладно.
3. Вратата на апаратот држете ја отворена
додека не заврши одмрзнувањето.
4. Исчистете го и исушете го замрзнувачот.
5. Ставете го приклучокот за струја во
штекерот.
6. Вклучете го апаратот.
7. Поставете го копчето за температура на
највисока позиција и оставете го апаратот
да работи минимум 2 или 3 часа со оваа
поставка.
8. Вратете ја храната назад во
замрзнувачот.
6.4 Кога апаратот не се користи
подолг временски период
1. Исклучете го апаратот и извадете го
приклучникот од штекерот.
2. Извадете ја целокупната храна.
3. Одмрзнете го апаратот.
4. Целосно исчистете и исушете ги апаратот
и сите додатоци.
5. Оставете ја вратата отворена за да ги
спречите непријатните миризби.
МАКЕДОНСКИ 33
Comentarios a estos manuales