
electrolux
11
Електрични рингли
За да вклучите некоја рингла, завртете го
соодветното контролно копче на потребното
нагодување на топлината.
Контролното копче е означено со броеви од 0 - 6
0 - исклучено
1 - минимум
6 - максимум.
Површината за готвење има два типа рингли:
Нормални рингли
Препорачуваме, ринглите на кратко време да ги
вклучите на максимум (6) за да земат сила, па
потоа да ги прилагодите на потребното
нагодување.
Брза рингла (напред десно)
Брзите рингли, кои се означени со црвена точка, ќе
се загреат многу побрзо од нормалните рингли.
Со тек на времето, црвената точка може
да исчезне, но тоа не влијае врз
перформансите на ринглата.
Важно е да се наспомне дека ринглата
при првата употреба може да чади и да
произведе малку непријатна миризба.
Ова е нормално и ќе исчезне по некое време.
Пред да го затворите капакот,
проверете дали контролните копчиња се
исклучени.
Не затворајте го капакот доколку
површината за готвење е жешка, капакот
може да се оштети.
Не ставајте на површината за готвење
ништо, што може да се стопи.
Во следната табела се дадени предлози за
правилно нагодување на ринглите:
Исклучено 0
Многу тивко 1 За одржување на топлината
на храната
За топење путер или
чоколада
Тивко 2 За подготовка на крем-
сосови, чорби и млечни
пудинзи или за пржење јајца
Бавно 3 Сушен зеленчук, замрзната
храна, овошје, зовривање
вода или млеко
Средно 4 Варен компир, свеж
зеленчук, паштети, супи,
чорби, палачинки или риба
Силно 5 Поголеми количини чорба,
ролат од месо, риба,
омлети, стекови
Брзо 6 Стекови, шницли и пржење
Корисни совети
Бирање на точниот горилник
Над секое копче има симбол за соодветниот
горилник.
За добри резултати на готвење, секогаш
избирајте садови за готвење, кои одговараат на
пречникот на користениот горилник (погледнете
ги сликите). Одберете садови со дебело, рамно
дно.
Препорачуваме да го намалите пламенот штом
течност почне да врие.
За правилно палење, прстенот на горилникот и
св
е
ќичката за искри секогаш треба да бидат чисти.
Може да се користат садови за готвење со
следниот пречник:
Напоју
вање
Пречник (mm) Горилник
(kW) мин. макс.
Брз 2.60 165 260
Помошен 1.00 120 180
Comentarios a estos manuales