Electrolux EKM501500X Manual de usuario Pagina 6

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 24
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 5
electrolux
6
Внимание
Не ставајте тави, тави за маснотии, плехови за
колачи или алуминиумска фолија директно врз
дното на рерната. Ова може да предизвика
натрупување на топлината, што може да влијае
врз перформансите на рерната и да го оштети
емајлот.
Копче за термостатот на рерната
Со вртење на копчето на термостатот на
рерната во десно, ја избирате температурата на
готвење.
Температурите се прикажани на контролната
табла.
Можете да ја нагодувате секоја температура
помеѓу 50°C и 250°C.
Работи кои треба да ги имате на ум
Откако ќе ја изберете температурата на
рерната, индикаторската сијалица за
термостатот на рерната ќе се запали и ќе
свети се додека рерната не го достигне
точното нагодување. потоа, таа се вклучува
и исклучува заедно со термостатот, за да
укаже на одржувањето на т
емпературата.
Сијалицата на рерната ќе се запали штом ќе
се нагоди копчето за функција на рерната и
свети во текот на работата на рерната.
Готвење во рерната
За време на користењето, уредот
станува жежок. Внимавајте да не ги допирате
грејачите во внатрешноста на рерната.
Конвенционално готвење
(традиционално готвење)
Конвенционалното готвење се изведува со
природно струење на загреаниот воздух.
Потребно е претходно загревање на рерната.
Како да постапите?
За мали колачи, печива, колачи од матено тесто
во калапи.
1. Загрејте ја рерната, поставувајќи го копчето
за функција на рерната во положбата
:
- околу 8 мин. за положбата од 50°C
до 150°C;
- околу 15 мин за положбата од 175°C
до 250°C;
2. Вметнете го јадењето. Завртете го копчето
на термостатот на рерната на на
потребната температура.
Корисни совети
Помеѓу горната површина на храната и
грејачот, секогаш треба да има најмалку 2,5cm.
Ова ги дава најдобрите резултати и дава
простор за нараснување на смеси со квасец,
јоркширски пудинзи, итн. При готвење колачи,
печива, земички, леб, итн., поставете ги тавите
или плеховите централно под грејачот.
Уверете се дека храната е поставена
центр
а
лно на решетката и дека има доволно
простор околу плехот/садот за печење, за да
овозможите максимална циркулација.
Ставајте ги јадењата на плехови со соодветна
големина за да избегнете истурање на дното
на рерната и да го намалите чистењето.
Емајлирани садови, темен или тежок прибор го
зголемува основното запечување. Плех
овите
од св
еткав алуминиум или полиран челик ја
одбиваат топлината и даваат послабо основно
запечување.
НЕ СТАВАЈТЕ ги садовите директно на дното
на рерната, бидејќи тоа станува многу жешко и
може да дојде до оштетување.
НЕ КОРИСТЕТЕ ги тавата за скара или плехот
за месо како плех за печење, бидејќи тоа ќе го
зголем
и запечу
вањето на храната.
Заради економичност, оставајте ја вратата
отворена што е можно пократко, особено кога
ја ставате храната во претходно загреана
рерна.
Vista de pagina 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 23 24

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios