
electrolux
5
Користење на уредот
Пред првото користење на рерната
Пред да ја користите рерната,
отстранете ја сета амбалажа, како однатре
така и однадвор.
Пред првата употреба, рерната треба да се
загрее без храна. За тоа време може да се јави
непријатна миризба. Ова е нормално.
• Извадете го приборот од рерната.
• Отстранете ги сите налепници или
заштитни фолии, доколку ги има.
• Загрејте ја рерната со копчето за функција
на рерната во положбата
и копчето за
термостатот на рерната во положба „250“,
во траење од околу 45 мин.
Оваа постапка треба да се повторува со
поставување на копчето за функција на рерната
во положбата во траење од околу 5-10
минути.
Измијте го приборот со благ детергент.
Исплакнете и исушете го внимателно.
Плочка со податоци
Моделот на вашиот шпорет ќе го најдете на
плочката со податоци, поставена на задната
страна од уредот.
За кондензацијата и пареата
Кога храната се загрева, се произведува пареа
на истиот начин во котел.
Вентилациите на рерната овозможуваат дел од
оваа пареа да излезе. Сепак, секогаш стојте
подалеку од рерната кога ја отворате вратата,
за да овозможите да излезе евентуално
насобраната пареа или топлина.
Доколку пареата дојде во контакт со ладна
површина од надворешната страна на рерната,
на пр., некоја лајсна, таа ќе се кондензира и ќе
создаде капки вода. Ова е нормално и не е
дефект на рерната.
За да спречите промени во бојата, редовно
бришете ги кондензацијата, како и истуреното,
од површините.
Садови за готве
њ
е
Користете секакви садови за готвење, погодни
за рерна, кои се отпорни на температури до
250
°
C.
Садовите за рерна, и сл. не треба да се
поставуваат директно на дното на рерната.
За време на готвењето во рерната,
вратата е жешка. Водете сметка, децата да
не се играат во негова близина.
Електрична рерна
Копче за функција на рерната
0 Исклучено
Конвенционално готвење - користете ги
горниот и долниот грејач; оваа функција ќе ви
овозможи да ги примените своите омилени
рецепти, без да ја прилагодувате
температурата. Во овој случај потребно е
претходно загревање на рерната.
Скара - Скарата не може да се користи
истовремено со рерната. При печење скара,
вратата од рерната мора да биде затворена.
Внимание: употребувајте ја функцијата на
скара при макс. 210°C.
Долен грејач на рерната - ви овозможува
да ги довршите јадењата само на дното.
Горни и долни грејачи - вентилатор
Топлината се пренесува на храната преку
загреан воздух, кој струи со помош на
вентилатор на задниот ѕид на рерната.
Одмрзнување - (Ова е НЕ е положба за
готвење). Оваа положба е наменета за помош
при одмрзнување замрзната храна.
Comentarios a estos manuales