
8.4 Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, проверете дали
стои на рамно. Ова може да се постигне со
две вртливи ногалки на долниот дел од
предната страна.
8.5 Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот
на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната
електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
8.6 Менување на страната на отворање на вратата
2
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да работите нешто со апаратот,
извадете го приклучникот од
штекерот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погрижете се апаратот да не се
напојува со електрична енергија.
За да ги изведете следните
операции, предлагаме ова да го
направите со помош на друго лице
кое ќе ги држи цврсто вратите на
апаратот додека работите.
• Извадете го капакот на горната шарка со
штрафцигер.
• Отворете ја вратата и извадете го капакот
на последниот затворач на вратата.
• Извадете ги горните предни капаци на
двете страни. (1)
• Исклучете го приклучникот за кабел на
екранот. (2)
• Отштрафете ги шарките и извадете ја
вратата.
64
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales