
за миење садови. Тоа може да
предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
На печката или на стаклените плочи
на вратата може да кондензира влага.
За да ја намалите кондензацијата,
пуштете ја печката да работи 10
минути пред готвење.Исчистете ја
влагата од внатрешноста пред секоја
употреба.
10.2 Печки од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на печката само со
мокар сунѓер или крпа. Исушете ја со
мека крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали, бидејќи тие
можат да ја оштетат површината.
Чистете ја контролната табла на
печката со истите мерки на
претпазливост.
10.3 Чистење на изгравирана
внатрешност
Процедурата на чистење го
отстранува преостанатиот бигор од
долната изгравирана површина после
процесот на готвење на пареа.
За функцијата: Готвење со
вентилатор ПЛУСви
препорачуваме да ја
направите процедурата на
чистење барем на секој 5 -
10 циклус на печење.
1. Ставете 250 ml вински оцет во
изгравираната внатрешност во
дното на печката.
Користете 6% вински оцет без
адитиви.
2. Оставете винскиот оцет да го
раствори преостанатиот бигор на
собна температура 30 минути.
3. Исчистете ја вратата од печката со
топла вода и мека крпа.
10.4 Чистење на заптивката
на вратата
Вршете редовна проверка на
заптивката на вратата. Заптивката на
вратата е околу рамката на
внатрешноста на печката. Не ја
користете печката ако заптивката на
вратата е оштетена. Контактирајте со
овластен сервис.
За да ја исчистите заптивката на
вратата, видете ги општите
информации за чистењето.
10.5 Држачи на решетки што
се вадат
За да ја исчистите печката, извадете
ги држачите за решетки.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте кога ги вадите
држачите на решетките.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
2. Повлечете го задниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид и извадете го.
Монтирајте ја извадените додатоци по
обратен редослед.
Иглите за држење на
телескопските шини мора
да се насочени напред.
10.6 Аква чистење
Оваа процедурата за чистење користи
пареа за да помогне во вадење на
преостанатата мрснотија и остатоците
од храна од печката.
www.electrolux.com28
Comentarios a estos manuales