
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 2
Опис на производот 5
Секојдневна употреба 5
Помошни напомени и совети 10
Нега и чистење 22
Што да сторите ако... 24
Еколошки прашања 25
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Пред монтажа и употреба, внимателно
прочитајте го ова упатство:
• Заради ваша лична безбедност и
безбедноста на вашиот имот
• Заради почитување на животната
средина
• Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции со
апаратот, дури и ако го преместувате
или продавате.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа или употреба
предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
• Не дозволувајте апаратот да го
користат лица, вклучително и деца, со
намалена физичка способност,
намалени ментални функции или
недоволно искуство и знаење.
Нивното ракување со апаратот мора
да го надгледува или насочува лице
одговорно за нивната безбедност.
• Сите материјали за пакување чувајте
ги далеку од дофат на деца. Постои
ризик од задушување или физичка
повреда.
• Држете ги децата и малите животни
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена или кога апаратот работи.
Постои ризик од повреда или друг
траен инвалидитет.
• Ако апаратот има функција за
заклучување на вклучувањето или за
заклучувањето на копчињата,
користете ја. Тоа ќе оневозможи
случајно користење на апаратот од
страна на деца и мали животни.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
• Не оставајте го уредот без
надгледување додека работи.
•Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
Монтажа
• Само овластен електричар може да го
монтира и поврзува апаратот.
Контактирајте со овластен сервисен
центар. Така ќе се спречи ризик од
структурно оштетување или физичка
повреда.
• Внимавајте апаратот да не е оштетен
при превозот. Не поврзувајте оштетен
апарат. Ако е неопходно, јавете му се
на добавувачот.
• Извадете ги сите материјали за
пакување, налепниците и облогите
пред да го користите апаратот за
првпат. Не вадете ја плочката со
спецификации. Тоа може да ја
поништи гаранцијата.
• Придржувајте се кон законите,
прописите, директивите и нормите,
кои важат во земјата на примената
(безбедносни одредби, одредби за
рециклирање, правилата за
електрична и/или безбедност за гас
итн.)!
• Проверете дали уредот е исклучен од
напојувањето со струја при
монтажата.
• Овој уред е тежок. Внимавајте кога го
поместувате. Секогаш користете
2 electrolux
Comentarios a estos manuales