сигурносни ракавици. Никогаш не
влечете го уредот за рачката.
• Во електричната инсталација мора да
се обезбеди склопка која ќе овозможи
исклучување на апаратот од струјата
во сите полови со контактен отвор од
најмалку 3 mm.
• Мора да имате соодветни уреди за
изолација: сигурносни склопки,
осигурувачи, (оние што се навртуваат
треба да се извадат од фасонката),
заштитни склопки за преостаната
струја и контактори.
• Проверете дали апаратот е монтиран
под и до безбедни структури.
•Одржувајте го минималното
растојание до другите апарати и
единици.
• Апаратот не смее да се постави на
основа.
• Вградените рерни и површини за
готвење се опремени со специјален
систем за поврзување. Заради
безбедносни причини, мора да
комбинирате само апарати од ист
производител.
Поврзување на струјата
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за
струјата на плочката со спецификации
одговараат на вашето домашно
напојување со струја.
• Информациите за напонот се наоѓаат
на плочката со спецификации.
• Секогаш користете правилно
инсталиран штекер обезбеден од
струјни удари.
• При поврзувањето на електрични
апарати на приклучоци за напојување,
не дозволувајте каблите да допираат
или да бидат во близина на топлата
врата на апаратот.
• Не користете Т-штекери, конектори и
продолжени кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од
пожар.
• Не заменувајте го ниту ставајте друг
кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Погрижете се да не го нагмечите или
оштетите кабелот за напојување (ако
е применливо) и кабелот зад апаратот.
• Проверете дали штекерот е пристапен
по монтажата.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучникот - ако е
применливо.
Користење
• Овој апарат е само за домашна
употреба. Не користете го апаратот за
комерцијални и индустриски цели.
• Користете го апаратот само за
готвење јадења за домашна употреба.
Така ќе спречите физичка повреда на
лицата или оштетување на имотот.
• Не користете го апаратот како работна
површина или како површина за
оставање предмети.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства, и/или растопливи предмети
(направени од пластика или
алуминиум) во, блиску до или на
апаратот. Постои опасност од
експлозија или пожар.
• За време на користењето,
внатрешноста на апаратот станува
жешка. Постои опасност од
изгореници. Корисете ракавици при
ставање или вадење на приборот или
садовите.
• Секогаш стојте понастрана кога ја
отворате вратата додека работи
уредот. Може да се ослободи жешка
пареа. Постои опасност од изгореници
на кожата.
• За да спречите оштетување или
обезбојување на емајлот:
– не ставајте никакви предмети
директно на подот на апаратот и не
покривајте го со алуминиумска
фолија;
– не ставајте врела вода директно на
апаратот;
– не чувајте влажни садови и храна во
апаратот откако ќе завршите со
готвењето.
• Обезбојувањето на емајлот не влијае
врз работата на апаратот.
• Не користете го овој апарат доколку е
во контакт со вода. Не ракувајте со
апаратот со влажни раце.
• Не притискајте ја отворената врата.
electrolux 3
Comentarios a estos manuales