
тежината. Кога ќе истече времето, се
огласува звучен сигнал. Допрете сензорско
поле за да го исклучите сигналот.
Превртете ја храната по 30 минути
кај некои програми. Екранот покажува
потсетник.
9. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
9.1 Сензор за температура во
средината
Сензорот за температура во средината ја
мери температурата во средината на месото.
Кога месото ја постигнува поставената
температура, апаратот се исклучува.
Може да се постават две температури:
• Температурата на печката.
• Температурата во средината.
Користете го само сензорот за
температура во средината доставен
со апаратот или оргинални резервни
делови.
1.
Поставете го врвот на сензорот за
температура во средината во центарот
на месото.
2.
Вклучете го апаратот.
3.
Ставете го приклучокот на сензорот за
температурата во средината во
приклучницата којашто се наоѓа на
предниот дел на апаратот.
На екранот се прикажува симболот за
сензорот за температура во средината.
4.
Притиснете го или за да го
поставите сензорот за температура во
средината за помалку од 5 секунди.
5.
Поставете ги функцијата на печката и, по
потреба, температурата на печката.
Апаратот пресметува приближно време
на завршување. Времето на крајот на
готвењето е различно за различни
количини на храна, за поставената
температура на печката (минимум 120°C)
и за режимот на работа. Апаратот
пресметува приближно време на
завршување од околу 30 минути.
6.
Погрижете се сензорот за температурата
да остане во месото и во приклучницата
на сензорот за температурата за време
на готвењето.
7.
По потреба, можете да ја поставите
новата температура во средината за
време на готвењето. За да го направите
ова, допрете го
.
8.
Кога месото е на поставената
температура во средината, се огласува
звучен сигнал. Апаратот автоматски се
исклучува.
Допрете сензорско поле за да ги
исклучите сигналите.
9.
Извадете го сензорот за температурата
во средината од приклучокот. Извадете
го месото од апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сензорот за температура во
средината е жежок. Постои опасност
од изгореници. Бидете внимателни
кога ги отстранувате врвот и
приклучокот на сензорот за
температура во средината.
44
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales