
11.11 Табела за сензорот за температурата во средината
ВИДОВИ НА ЈАДЕЊА
Температура во средината
[°C]
Печено телешко 75 - 80
Телешка коленица 85 - 90
Печено говедско месо на англиски начин, недопечено 45 - 50
Печено говедско месо на англиски начин, средно печено 60 - 65
Печено говедско месо на англиски начин, добро печено 70 - 75
Свинска плешка 80 - 82
Свинска коленица 75 - 80
Јагне 70 - 75
Пиле 98
Див зајак 70 - 75
Пастрмка / Спарид 65 - 70
Туна / Лосос 65 - 70
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
• Исчистете го предниот дел на апаратот
користејќи мека крпа со топла вода и
средство за чистење.
• За чистење на металните површини
употребете го вообичаеното средство за
чистење.
• Чистете ја внатрешноста на печката по
секоја употреба. Потоа можете полесно да
ја отстраните нечистотијата и истата нема
да изгори.
• Тврдокорната нечистотија исчистете ја со
специјално средство за чистење печки.
• Чистете ги сите додатоци после секоја
употреба и оставете ги да се исушат.
Користете сува крпа со топла вода и
средство за чистење.
• Ако имате нелеплив прибор, не чистете го
со агресивни средства, остри предмети
ниту во машина за миење садови. Така
може да се уништи нелепливиот слој.
Уреди од не’рѓосувачки челик или
алуминиум:
Чистете ја вратата на печката само
со мокар сунгер. Исушете ја со мека
крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали бидејќи
тие можат да ја оштетат површината
на печката. Чистете ја контролната
табла на печката со истите мерки на
претпазливост.
12.1 Чистење на заптивката на
вратата
• Вршете редовна проверка на заптивката на
вратата. Заптивката на вратата е околу
рамката на отворот на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката на
вратата е оштетена. Контактирајте со
сервисниот центар.
• За да ја исчистите заптивката на вратата,
видете ги општите информации за
чистењето.
56
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales