
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и
околу најгорната преграда секогаш
ќе се формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот
кога слојот мраз ќе достигне дебелина
од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете
на следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја
во неколку слоја весник и ставете је
на студено место.
3. Оставете ја вратата отворена.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
исушете ја внатрешноста темелно и
вратете го капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете
максимално ладење и оставете го
апаратот да работи два-три часа со
оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во
комората.
ВАЖНО Никогаш не
користете метални
алатки за гребење на мразот од
испарувачот, зашто може да го
оштетите. Не користете механички
уреди или вештачки средства за
забрзување на топењето освен оние
што ги препорачува производителот.
Покачувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нивниот век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи
подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
1. откачете го апаратот од
електричната мрежа
2. извадете ја сета храна
3. Одмрзнете ги и исчистете ги
апаратот и сите додатоци.
4. оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите
непријатни мириси.
ВАЖНО Ако фрижидерот треба да
остане вклучен, замолете некого да го
проверува повремено за да не се
случи
храната да се расипе во случај на
снемување струја.
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
решавање на проблемите,
извадете го штекерот од
приклучокот за струја.
Само квалификуван електричар
или стручно лице смее да ги
решава проблемите што не се
опишани во упатството.
ВАЖНО За време на нормалната
употреба се слушаат звуци (од
компресорот и од кружењето на
средството за ладење).
Проблем Можна причина Решение
Апаратот е бучен Апаратот не е добро потпрен Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногалки
треба да се на подот)
66 electrolux
Comentarios a estos manuales